Оваа Политика на приватност има за цел да објасни како се собираат, користат и заштитуваат личните податоци на корисниците кои ја посетуваат и користат нашата веб-страница www.lilou.mk, во понатамошниот текст веб-страница/та.
Вашата приватност ни е исклучително важна и се обврзуваме да ги заштитиме вашите податоци во согласност со важечките законски регулативи. Користењето на веб-страницата подразбира прифаќање на нашата Политика на Приватност.
Кои Податоци ги Собираме
При користење на нашата веб-страница, ги собираме неопходните информации за процесирање на вашата нарачка, и испорака на производите:
- Име и презиме
- Адреса за испорака
- Контакт телефон
- Е-пошта
- Информации за плаќање (доколку плаќањето се извршува со картичка трансакциите ги процесира Халк Банка)
Исто така ги собираме и следниве информации:
- Историја на купувања и пребарувања
- IP адреса и информации за уредот
Цел на Обработка на Податоците
Вашите податоци се обработуваат со следните цели:
- Испорака на производи
- Комуникација за статус на нарачки
- Поддршка при замена или враќање на производ
- Подобрување на корисничкото искуство
- Законски обврски (сметководство, даночни записи)
- Можност за маркетинг по ваша претходна согласност
Заштита на Личните Податоци
Применуваме соодветни технички за безбедност и заштита на податоците од неовластен пристап, губење или уништување и злоупотреба. Само овластени лица имаат пристап до вашите податоци и се обврзани да ги обработуваат во согласност со законските регулативи.
Споделување на податоци
Вашите лични податоци не се споделуваат со трети лица, освен:
- Кога тоа е законски задолжително
- За потребите на испорака (курирски служби)
- Со платен процесор (Халк Банка), доколку плаќањето се извршува со картичка
Сите трети страни се обврзани да ги заштитуваат вашите податоци во согласност со законските прописи.
Колачиња (Cookies)
Нашата веб-страница користи колачиња со цел да се подобри нејзината функционалност и да се персонализира вашето искуство. Колачињата не содржат лични податоци и не се користат за следење без ваша согласност. Повеќе детали се достапни во нашата Политика за Колачиња.
Маркетинг Цели
Податоците можат да се користат за директен маркетинг само со ваша согласност. Во секое време можете да ја повлечете согласноста, да се одјавите од известувања и/или да побарате бришење на вашите податоци.
Рокови на Чување на Податоците
Податоците ги чуваме онолку колку што е потребно за исполнување на горенаведените цели, односно:
- Податоци за нарачки: до завршување на административните и сметководствени процедури
- Податоци за сметки и плаќања: 10 години од денот на издавање на сметка / фактура
- Маркетинг податоци: до повлекување на согласноста
- Податоци од кориснички профил: додека не побарате бришење
Права на Корисниците
Имате право на:
- Пристап до вашите лични податоци
- Исправка на неточни податоци
- Бришење на податоци
- Ограничување на обработка
- Приговор на обработка
- Повлекување на согласност
Промени во Политиката на приватност
Го задржуваме право да направиме промени во нашата Политика на Приватност. Секоја измена ќе биде објавена на нашата веб-страница. Користењето на веб-страницата по објавувањето на промените подразбира прифаќање на истите.
