Политика за Замена и Рефундација

Услови за Замена и Рефундација

Доколку по прием на нарачаниот производ сакате да извршите замена за друг артикл или да го вратите производот и остварите рефундација на средствата, потребно е да не известите на денот на примање на нарачката преку контакт формата на нашата веб-страница. Потребно е да ги испочитувате следниве услови:

  • Да не известите за Вашата намера за враќање/замена истиот ден од примање на нарачката
  • Приозводот да не е носен, перен, оштетен или користен
  • Производот да биде вратен и пристигне на наша адреса во оригиналното пакување (со етикета, декларација, кутија), не подоцна од 14 дена од датумот на нарачка
  • Да ја наведете шифрата на производот што сакате да го вратите
  • Да ја наведете шифрата на производот што сакате да го добиете (во случај на замена)
  • Причина за замена/враќање
  • Слика на производот каде се гледа оштетувањето (во случај на рекламација)

Важна Напомена за Рекламациии

Сите производи купени преку нашата веб-страница треба да се проверат веднаш по нивното презимање од курирската служба. Доколку забележите физичко оштетување (искинатост, нагмеченост или друг дефект), потребно е да не известите преку контакт формата на нашата веб страница истиот ден од примање на нарачката.

Процедура

По одобрување на вашето барање, производот ќе биде преземан од ваша адреса од страна на курирска служба. Враќањето и прегледот на производот трае вообичаено 3–5 работни дена, но може и подолго во зависност од нашиот и обемотот на работа на курирската служба. 

Откако ќе го примиме производот и го прегледаме, ќе добиете потврда преку е-пошта, по што ќе се изврши замена со нов производ или рефундација на износот. Средствата ќе ви бидат рефундирани во рок од 2–5 работни дена, во зависност кога банката издавач на картичката ќе ја процесира трансакцијата.

Исклучоци

Следниве производи не подлежат на замена или враќање:

  • Накит (поради хигиенски причини)
  • Производи кои се носени, оштетени, вратени без оригинално пакување
  • Производи вратени надвор од пропишаниот рок (производите предмет на замена или враќање треба да бидат доставени на наша адреса не подоцна од 14 дена од датумот на нарачката)

Трошоци за Замена/Враќање

Трошоците за замена или враќање се на товар на купувачот. Во случај на грешка од наша страна (погрешен или оштетен производ), трошоците ги покриваме ние.

Важна Напомена

Со клик на копчето „Потврди“, потврдувате дека се согласувате со оваа Политика за Замена и Рефундација. Ве молиме внимателно прочитајте ги сите услови пред да го потврдите купувањето.

 

Logo

Login
Follow us on